Министерот за надворешни работи  Бујар Османи порача дека ДУИ е спремна да ја даде и позицијата премиер до избори ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го побара тоа.

„Јас сум малку повеќе информиран од другите поради позицијата Министер за надворешни работи. Знам дека сега е време за големи и сериозни компромиси за напредок на државата. Сега се прават отстапки за доброто на сите. Ако Мицкоски ја побара полицијата премиер на Влада до избори, и за тоа сме спремни. Спремни сме да ја дадеме позицијата премиер на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се историски времиња и затоа сме спремни на компромис кој води до решение“, порача Османи за „TV 21“