Собранието по пауза од еден месец , денеска продолжуваат со работа. Ќе бидат свикани продолженијата на 21, 22, 25 и 26-та пленарна седница.

На една од нив ќе се дискутира за задолжување кај Европската банка за обнова и развој за брз автобуски превоз, кај граѓаните познат како трамвајот на тркала на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Ќе се дискутира и за законот за државјанства на барање на Алијасата за Албанците, потоа за измени на Законот за аудивизуелни услуги, како и за измени на Законот за надворешни работи.

Собранието беше блокирано поради тоа што власта не можеше да ги собере неопходните 61 пратеник за почеток на седница.