Откако синоќа без договор заврши средбата меѓу работните групи на влста и опозицијата коишто разговараа за предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство, деновиве се очекува нова средба.
Вчера Рената Дескоска од една страна и Тони Менкиноски од друга не успеаја да ги приближат ставовите.
Овој предлог-закон е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија.Неофицијалниот рок што си го зададоа е крајот на месецот бидејќи со стартот на изборната кампања Собранието ќе престане со работа.
Една од главните точки на несогласување на двете страни, што не можеше да биде надмината ни по четири часа разговор, е статусот што ќе го има Специјалното јавно обвинителство. За опозицијата е неприфатливо СЈО да остане самостојно, односно да не одговара пред никого и да има буџет, без надворешна контрола. Од друга страна, ставот на власта е дека СЈО треба да го задржи статусот како обвинителство, односно да не биде само одделение во Обвинителството за организиран криминал.
Разногласија во ставовите на двете страни има и околу истрагите на СЈО почнанти по истекот на 18 месеци од предавањето на материјалите, поради тоа што, ставот на претсавниците на власта е дека постои опасност од загуба на доказниот материјал.
Comments are closed for this post.