Зад нас е уште една недостоинствена дебата во која нивото на политички дијалог го спушти претседателот на владејачката СДСМ Зоран Заев. Заслужуваат ли гледачите, идните гласачи, наместо судир на идеи и програми час и половина да гледаат пазарско препукување исполнето со навреди кон противникот. Главно лични.
Во манир на некои свои медиумски перјаници кога го имале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски спроти себе, Заев покажа ниско ниво на политичка и општа култура. Човекот кој веќе го заокружува мандатот на власт, многу нервозно и со нескриена омраза кон Мицкоски од вие премина на ти, а речникот го збогати и со погрдни зборови.
Исто така, покажа дека нема визија за иднината, додека пак неговиот опонент Мицкоски, кој демонстрира стабилност и ниво на дебата, прецизно ги отслика слабостите на системот.
Заев настапи со истите проѕирни обвинувања небаре теретаната и кафаната се најжешките теми во предизборието. Аа рече не си се слушнал си се слушнал, да одиш во Идризово, ааа татко ти професор ти асистент… се само дел од репликите на доскорешниот премиер.
За разлика од него, Мицкоски го потсети Заев дека имал три години за реформи, но го обвини и дека бил и претседател на влада и директор и обвинител и судија.
И тоа не е краток период, тоа се три години, а Заев сега вели дека ништо не знае, дека се користело неговото име зашто бил премиер, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.