Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, носител на пратеничката листаво ИЕ 4, во емисијата „Само вистина“ зборуваше закатастрофалната ситуацијата во земјоделието во Македонија.

Земјоделието е во најкатастрофална состојба. Кило краставици се откупува за 5 денари, за да заработите 100 евра што и не се некои пари, треба да продадете илјада и двесте килограми краставици. Тоа е така поради зелената мафија на која ќе и зададеме директен удар. Потоа кромидот е од 6 до 10 денари за  килограми, и тоа ако има кој да го откупи. Поради таа зелена мафија еден килограм расад за домат се го продава поскапо од кило злато зошто. Така е затоа што таа зелена мафија увезува од Турција. Кајсиите и праските измрзнаа, а нема поддршка.  И кај тутунот има проблем направен од зелената мафија. Се усвои Закон за увоз на тутун со кој пред да се откупи нашиот, домашниот може да се откупува од надвор или нашите производители лани  беа уценети. Значи ако им е прва класа тутунот тие се условени да го продадат и да им се плати како за втора класа. За годинава вкупно Македонија сади околу околу 25 милиони тони тутун и ако е потопла годината оди и до 27,  а годинава е потпишани договори за вкупно за 22 милиони што значи 5 милиони ќе останат несобрани и непродадени, а зелената мафија увезува од Бугарија и Албанија, објасни Николоски.

Токму ова покажува дека зелената мафија или и петорица-шесторица се оние кои го јадат трудот на земјоделците, тие стануваат милионери, а земјоделците едвај врзуваат крај со крај, рече Николоски и додаде дека  земјоделците се понижени.

Николоски објасни дека главната цел е да се направи удар на оваа зелена мафија и укажа кои ќе бидат чекорите кои ќе се преземат.

Не смее да има увоз на раноградинарски производи додека не се продаде домашниот род. Конкретено за тутунот местата каде има тутун старите ги викаат монополи, зашто тој е од стратешко значење на Македонија. Тутунот може и мора да е заштитен, рече Николоски, кој екслузивно откри дека  семејството Заеви е во процес на купување на Тутунскиот комбинат Струмица.

Нив им одговара цената да е пониска и за брзо време луѓето ќе видат дека тоа ќе се случи. Тие имаат акции ама сега преку блиски фирми и ќе го преземат. Но, не сопира се тука. Тутуснкиот комбинат во Прилеп, кој е во државна сопственост, директорот зема речиси 210 илјади денари месечна плата, а семејство кое станува во 4 наутро и работи и производува тутун зема годишно оклу седум  и пол илјади евра.  Ова говори за криминал на највисоко ниво. Тоа е тажната вистина за земјоделието и земјоделците, рече Николоски.

Николоски се осврна и на мерките кои ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека не смее да има увоз на раноградинсарски производи додека не заврши откуп на домашните, најави бескаматни револвинг кредити во висина од милион и двесте илјади денари за земјоделците.