Полициски службеници пронашле ранец полн со марихуана што бил закачен на дрво на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце, во близина на Групчин.

Ранецот бил закачен на гранка, а во него имало меѓу четири и пет килограми марихуана спакувана во најлонски кеси.

Како што информираат од МВР, на местото на настанот извршен бил увид, а пронајдената марихуана е подигната и предадена за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Уапсен тетовец

Акција против трговија со марихуана и други дроги била изведена и во Тетово. Во текот на вчерашниот ден уапсен е 35-годишниот тетовец Д.З., поради тоа што при претрес на неговиот дом реализиран со судска наредба била пронајдени марихуана, кокаин и екстази.

Д.З. е задржан во полициска станица и против истиот ќе следи соодветен поднесок.