На социјалните мрежи се појавија повици за протест во Скопје.Протестот е планиран за утре, а симптоматично е што тие се најавени и подджани од профили кои се формирани само пред неколку дена, односно по трагедијата во Кочани.
Овие профили се особено активни на Фејсбук и на Твитер и објавуваат повици за протест.
Се гледаме на пленум, стои во објавата
Профилите се нарекуваат „Студентски пленум“ а ги поддржуваат и следат исти такви медиуми во Србија, како „машина.рс“.
Тие се целосно во служба на српската опозиција и тамошните студенти кои се борат за соборување на претседателот Александар Вучиќ и формирање на преодна и техничка влада каква што имаше во Македонија по шарената револуција.
Српскиот медиум кој ги поддржува протестите во Македонија се вика „машина,рс“ во кој главен медиум е Марко Милетиќ од српската опозициска партија „Покрет слободних граџана“.
Милетиќ во моментов е во притвор за кршењето на градската куќа во Нови Сад пред неколку месеци.
Сосема „случајно“ невладината организација или медиумот „машина.рс“ е финансиран од Институтот отворено општество во Србија, популарно наречен Сорос.
Comments are closed for this post.