Годишнината од смртта на Гоце Делчев ја одбележавме недостоинствено како држава. Делото на Делчев е епохално и бевременско и ќе трае се додека има Македонци. Државата се помалку се грижи за одбележување на историските личности и историјата како да е тргната на маргините, забележува проесорот и историчар Михајло Миновски.

Тој во интервју за „ Пресинг ТВ и Република“ потсетува дека имавме една посебна институција наречена „Гоцеви денови“ која се грижеше за промоција на ликот и делото на Гоце Делчев.

Време е одблежувањето да се врати на македонскиот народ-смета професорот.

Тој ја толкува изјавата на бугарскиот претседател Радев кој за Гоце Делчев рече дека е апостол на „македонските Бугари“.

Не може да се македонски Бугари. Или се Бугари или се Македонци. Тој термин воопшто не е случаен кој може да предизвика поделби во македонското ткиво и кај македонскиот народ.

Ако тие се македонски Бугари ќе сакаат да го претставуваат културното и историско минато, личности,настани споменици на македонските Бугари.Тоа не смее да се дозволи во никој случај-предупредува професорот.

За Миновски нема дилеми дека македонскиот и бугарскиот народ се два различни народи, две различни нации кои паралелно се формираат.

Бугарите ја имале таа историска околност што некоја голема држава ги осободила и им направила држава. Затоа Гоце Делчев бил предодреден да биде водач и затоа го поканиле да го води револуционерното движење. Токму Делчев го симболизира Македонизмот во Македонија, идеалот за создавање самостојна македонска држава-дециден е професорот Миновски.

Проблемот кај Бугарија,вели професорот што на народот во Македонија гледале како бугарски а земјата бугарска, јазикот дијалект на бугарскиот.

Ова не е прашање само за политичарите туку и на науката. Без Македонија тие ќе немаат тема што да пишуваат. Целта е тоа што не можеле да го направат преку војни да се добие преку Европската Унија и со уценување а како крајна цел бугаризација на Македонија -смета професорот.

Тој предлага решение за спорот со Бугарија.

Вистинско решение е Владата е со акт како што е предвидено во договорот за добрососедство да ја извести бугарската страна бидејќи се покажа неприменилив пет години дека се повлекуваме од договорот.Дури потоа ние можеме рамноправно да преговараме и да поставуваме услови-предлага Миновски.

За историската комисија пак професорот смета дека не може да се нарече историска.

Таа е владина комисија.Некои историчари прифатиле да бидат владини функционери и тие ќе имаат грижа на поколенијата заради нивното учество.Тие прифатија да прават политика што е несвојствено за историчари. Затоа историската комисија треба да прекине со работа-посочува професорот.