Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, по скратена постапка, во рамки на продолжението на 25. седница.

Расправата по оваа точка започна на вчерашното продолжние на седницата. Точката на дневен ред предизвика дебата на повеќемина пратеници и од власта и од опозицијата, кои зборуваа не само за Договорот за заем туку и за проекти на поранешниот градоначалник на Скопје, но и за работата на актуелниот градоначалник Петре Шилегов, во контекст на претстојните есенски локални избори.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање поднесен од пратениците на Алијансна на Албанците и Алтернатива.