На превојот Стража полицијата заплени 22 килограми марихуана и приведе шестмина македонски државјани.

Марихуаната која била спакувана во две вреќи  била транспортирана од Албанија со  возило марка „шкода“.

Тројца биле веднаш приведени меѓу кои еден бил бегалец од Идризово, а уште тројца поврзани со набавката на марихуаната биле уапсени  во Струга и Охрид.

Планот бил дрогата да се продава во Скопје, Велес и Тетово.