На автопатот Куманово – Скопје вчера во 4:40 часот полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 4:30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија.

Мигрантите заедно со возачот се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.