Поранешниот в.д. директор на Централниот регистар Андреа Поповски како што објавува Алсат е приведен во полиција. Заедно со него неофицијално се приведени уште четворица вработени. Се очекува обвинителството да донесе одлука за понатамошна постапка.
Нема официјална информација за причината за приведувањето, но се споменува злоупотреба на службената положба и овластувања. Поповски беше директор на централниот регистар од 2014 до 2017 година.
Comments are closed for this post.