Приведен е поранешниот пратеник и ривал на Тито Петковски за позицијата лидер на НСДП, Љубомир Јосифовски, потврди МВР.   Тој синоќа бил одведен на распит.  Се сомничи за упад во системот на Централен регистар.

Од МВР информираат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР вчера по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар и по консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода 46-годишниот Љ.Ј. од Скопје.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251.

Инаку, Јосифовски беше пратеник на НСДП во претходниот паламентарен состав.