Поранешните градоначалник и претседател на Советот на општина Демир Капија, се дел од групата од четири луѓе што се приведени на информативен разговор во Финансиската полиција.

Од Управата за финансиска полиција за МИА потврдија дека лицата се приведени и дека се врши информативен разговор и оти по разговорот во соработка со јавно обвинителство ќе се одлучи за понатамошна постапка.