Притвор за Дурмиш Белули, сопственокот на „Дурмо турс“ и раководителот на компанијата, одреди судија на претходна постапка.

За третоосомничениот, кој е еден од одговорните лица во компанијата е изречена мерка куќен притвор.

Обвинителството бара притвор и за возачот на автобусот кој се преврте кај Ласкарци.

Скопското обвинителство покрена истрага против седум лица.

Скопскиот обвинител Сашо Рајчев денеска информираше дека истрагата покажала оти причина за несреќата е големата брзина, но и делумната неисправност на сопирачките.

Пред несреќата, возачот возел 99 километри на час, иако било дозволено  80. Во автобусот бил инсталиран посебен уред  за манипулација на технографот, кој ја мери брзината на движење. Кога ја пречекорил дозволената брзина, возачот го вклучил овој уред.

Истрагата покажала дека поради големата брзина, возачот во критичниот момент изгубил контрола врз автобусот и најпрво удрил во  првата заштитна ограда. тогаш почнал да кочи, но поради нецелосна функционалност на сопирачките и брзината автобусот ја пробил и втората заштитна ограда и паднал во провалијата. Животот го загубија 15 лица.