Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка во однос на десетте лица кои денеска беа спроведени во Судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинител и на М.Ј., А.Ј., Е.Р., М.Ј., Д.Д., В.С., Д.М., и Л.С., им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, а на Б.Д. и С.К., им определи мерки за претпазливост, соопштија од Основниот кривичен суд.
Судот смета дека се исполнети условите од член 165 став 1, точка 1 и 2 задел од обвинетите и точка 1, 2 и 3 за другиот дел од обвинетите, односно опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да се повтори делото.
Против ова решение странките имаат право на жалба, додаваат од Основниот кривичен суд.
Осомничените се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, а едно лице се сомничи за несовесно работење во службата. Тие со противзаконските дејствија што ги направиле го оштетиле буџетот во износ од 2.647.802 милиони евра.
Comments are closed for this post.