Прилепчани не се согласуваат со таблата на споменикот на Александар, поставена согласно Договорот од Преспа. Само што беше поставена, тие на неа ја прецртаа одредницата дека тој припаѓа на „хеленската“ античка историја.

Пред поставувањето на таблата, на социјалните мрежи имаше повици до прилепскиот градоначалник самиот да го стори тоа за што му беа нудени 10.000 евра.

Споменикот на Александар во Прилеп е донација на Ѓорѓија Џорџ Атанасовски.

За разлика од таблите во Скопје кои се тројазични, таа во Прилеп е на македонски и англиски јазик.