Попладнево се случил пожар  во едно од оделенијата на затворот Идризово.Како што објави порталот „Тетова 1“, на видеото се гледа како затворениците излегуваат надвор со маици прекриени на устата додека други затвореници од соседната ќелија ги снимаат на мобилен телефон. Причината за пожарот не е позната.