Шеесетгодишна битолчанка е повредена синоќа во сообраќајна незгода што се случила рано утринава на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола.
Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од 27-годишниот И.К. и „пежо партнер“ управувано од А.Ј. (28).
Во несреќата настрадала 60-годишната З.Ј. која била пешак. Таа е пренесена во Клиничката болница во Битола каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.
Comments are closed for this post.