Музејот на Град Скопје на својата Фејсбук страница денеска објави дека при реконструкција на улица, во близина на слаткарницата Палма, пронајдени се камен саркофаг и три елементи на надгробен Олтар кои потекнуваат од римски период 2 век од наша ера.
Пронајдоците биле извадени во присуство на Вера Атанасовска, археолог виш конзерватор и директорот Коле Чапкановски, како и Ленче Јованова, археолог, советник-кустос, вработена во ЈУ Музеј на град Скопје, стои во објавата.
Comments are closed for this post.