Во Апелацискиот суд каде што судиите имаат одговорност за тоа во кој правец ќе продолжи да се движи македонското судство: Дали ќе се издигне над состојбите и политичките нарачки, или ќе потоне на дното со поддршка на политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија, прашува порттпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него,при одлучувањето за притворот на Миле Јанакиески и на Кирил Божиновски, судиите во Апелацискиот суд мора да се водат од фактите, наспроти изречената мерка како одговор на потребата на хунтата за прикривање на неспособноста и на политичкиот терор против неистомислениците

Определување мерка притвор по цела година и половина за луѓе кои што со ништо не ги прекршиле претходните мерки е чисто политички мотивиран случај!

Прво, периодот на првите изречени мерки не е кус, не е една недела, не е еден месец. Се работи за цели 18 месеци, година ипол, период во кој двајцата ги почитуваат мерките, редовно се јавуваат во судот, редовно одат на судските рочишта. Редовно се достапни на органите на прогонот. Судиите во Апелацискиот суд мора предвид да го имаат одговорот, кој што го испуштија и нарачателите, и барателите, но и судиите, дали Јанакиески и Божиновски во целост ги испочитувале изречените мерки? Дали имало еден петок во кој што тие двајца не се јавиле на суд?

Второ, притворот сега се воведе врз наводна службена белешка од УБК со назнака Строго Доверливо! Едно е што се цитира документ кој што не е декласифициран туку и не се проверува веродостојноста на содржината откако следеше остра реакција и од Претседателот на државата и од обвинетите. Ниту едниот ниту другиот немале намера да бегаат или воопшто да ги прекршат определените мерки за претпазливост.

Почитувани,

Судиите во овој случај навистина имаат задача, дали воопшто нешто ќе остане од демократско во Република Македонија, или се ќе се стави под нозете на хунтата, не водејќи сметка ниту за човечки судбини, ниту животи, само заради политичка определба или за затскривање на неспособноста на апаратот за репресија на хунтата. Судот мора да ги исправи направените грешки и да ги прифати аргументите на одбраната изнесени во жалбата за укинување на притворот за Јанакиески и Божиновски. Оттука треба да почне да се става крајот на злоупотребите и на безбедносниот систем и на правосудството, пракса која секогаш се воведува кога до власт се дограбуваат наследниците на комунизмот.