Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејмани Реџепи во рок од 72 часа да си замине во ИВЗ, во спротивно, како што рече ќе објавел докази и факти за криминални активности, кои ги означи како тешки кривични дела.
Пред седиштето на ИВЗ има засилено полициско обезбедување, а Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа, што тој му ги поставува на Реџепи.
Денеска сме пред вратите на ИВЗ узурпирана од Сулејман Реџепи правно од 2011, а од 2019 и реално. Тука сакам да пренесам две куси пораки. Со првата ги повикуваме сите професори, теолози, оџи кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи, во иднина тие ќе бидат вклучени, но и сите други кои се внатре, а кои немаат криминал им даваме збор дека никој нема да загуби работно место, само ќе ги унапредиме и ќе создаваме подобри услови за работа, изјави Бузаку.
Превирањата во ИВЗ настанаа откако во април Бузаку се прогласи за нов поглавар, но сепак Ријасетот застана зад Реџепи.
Comments are closed for this post.