Истанбул ќе биде домаќин на меѓународен собир на лидери во рамки на 9. Босфорски самит кој се одржува од 26-28 ноември. На самитот доаѓаат државници, бизнисмени и влијателни лица, а ќе се дебатира за „Одржлив мир и развој за сите“.

На веб страницата на самитот е објавено дека „Босфорскиот самит е политички, економски и културен собир кој треба да донесе гобален напредок во насока на национланите интереси и заедничките идеали“.

Меѓу учесниците се претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на Македонија, Ѓеорге Иванов, на кипарските Кипрани, Мустафа Акинчи. Се најавува учество на околу 200 говорници од разни сектори.

После секој самит обично се склучуваат зделки по околу 200-300 милиони долари.