Пресудата за случајот Талир е диктирана во СДСМ, и тоа од седиштето кое е нелегално присвоено како поранешен објект на МОН.

Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и знаат дека народот не ги сака и рејтингот на СДСМ тоне.ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ за вчерашната пресуда за Кирил Божиновси и седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, пресудата на Талир е дефокус од животот во национална катастрофа, поскапувања и грабеж кој се прави на народот.

Кај нив нема дилеми Обвинителството и судот се продолжена рака на СДСМ.

Пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови, и кога најде време да ја напише пресудата.

За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН.

СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование.

Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија.

СДСМ треба да каже како го стекнале своето седиште кое е симбол на луксуз?