Актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи е најсериозен кандидат за претседател предложен од ДУИ и СДСМ, дознава Пресинг ТВ од партиски извори.
Нејзиното име е предложено од страна на ДУИ, а во СДСМ генерално немаат ништо против. Како што дознаваме, Арифи била спомената и во вчерашните разговори помеѓу лидерите Зоран Заев и Али Ахмети, но оти било посочено се уште да не се излегува со конкретни предлози во јавноста, бидејќи СДСМ сака да провери како тоа ќе се одрази врз нивните приврзаници и дали би можеле да изгубат гласови бидејќи не би оделе со свој кандидат.
Арифи важи за кадар на ДУИ кој има добри односи со СДСМ уште од времето кога беше вицепремиер за евроинтеграции, особено со потпретседателката Радмила Шекеринска.
За СДСМ посебно е примамливо што доколку се одлучат за Арифи би имале женска претседателска трка ако се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ја избра професорката Силјановска.
Неофицијално, СДСМ има рок до крајот на неделата да одговори дали го прифаќаат предлогот на ДУИ. Доколку одговорот е позитивен, Арифи би била потврдена како претседателски кандидат на Конгресот на СДСМ закажан за трети март.
Премиерот Заев вчера рече дека има пет имиња како најсериозни кандидати и оти ова е ретка шанса која можеби ќе успее, а можеби не.
Comments are closed for this post.