Актуелниот заменик министер за внатрешни работи, Агим Нухиу е најсериозен кандидат на ДУИ за претседателските избори, дознава Пресинг ТВ од партиски извори.
Неговото име се споменува како партиско решение, откако ДУИ одлучи да оди самостојно на изборите за шеф на државата.
Конечната одлука за тоа кој ќе биде официјалниот кандидат Централното претседателство се очекува да ја донесе до крајот на месецот, а дотогаш не се исклучува можноста да се појави уште некое име.
Партиски извори откриваат дека на овој начин ДУИ сака да си го провери својот рејтиг, посебно кај нивните најсериозни противници меѓу партиите на Албанците, Алијансата на Села и БЕСА.
ДУИ одлучи да оди со свој кандидат за шеф на државата откако пропадна нивниот предлог за консензуален кандидат заедно со СДСМ. Можно е изборот на ДУИ во првиот круг да биде поддржан од уште некоја партија на Албанците.
Нухиу има 41 година и во моментов е заменик министер во МВР, а беше на чело на полицијата за време на техничката влада во 2016 година како и за време на настаните од 27 арил.
Comments are closed for this post.