Во вторник, на 11.06.2019 делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш ќе биде во официјална посета на Македонија.

Во склоп на посетата ќе биде организиран свечен пречек со високи државни почести за делегацијата на Чешката Република и премиерот Андреј Бабиш пред платото на Владата на Македонија, а потоа ќе следува заедничка прес конференција на двајцата премиери во холот пред Свечена сала во Владата.

Предвидено е премиерот Бабиш да оствари средби со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Демонстрациите во Прага против Бабиш се одржуваат од крајот на април , кога се дозна дека неговите компании се директно поврзани и ги користат парите од европските фондови.

Полицијата по истрагата побара од обвинителството да поднесе пријава за премиерот , но тој го смени тогашниот министер за правосудство и ја назначи Бенешова.

Богатството на Бабиш се проценува на 3,7 милијарди долари и е втор најбогат човек во Чешка.