Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, на која ќе се разговара за европската иднина на земјава и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.
Средбата е предвидено да се одржи в понеделник, на 7 ноември, во Собранието на Република Северна Македонија.
-Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус, соопшти вчера владината прес-служба.
Премиерот и минатата недела ги повика политичките партии да седнат на маса и да најдат заеднички јазик, нагласувајќи дека според него добро е да се разговара за уставните измени со цел да се дојде до решение кое би било прифатливо за сите.
Претходно, иницијатива за средба со сите политички партии изразија и опозициските партии од албанскиот блок, кои во повеќе наврати кажаа дека ќе ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, доколку се промени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик
Comments are closed for this post.