Емилија Александрова од телото за помирување најави дека подгрупата треба да одржи состанок до крајот на неделава кога очекува да биде поднесен предлог законско решение за амнестија во врска со настаните од 27 април.
Прашана дали ќе останат до крај поддржувачи на уставните измени, Александрова рече дека реформите, интеграциите и помирувањето одат заедно, бидејќи еден без друг нема да дадат квалитетно решение кое е потребно за државата.
Затоа очекувам и верувам дека сите учесници во овој процес како и досега ќе останеме доследни ќе покажеме разумниост и секој во својата сфера ќе си придонесе да се реализира комплетно овој процес, нагласи пратеничката Емлија Александрова.
Comments are closed for this post.