По најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека в понеделник ќе го поднесат до Собранието Предлог-законот за амнестија, од СДСМ реагираат дека носењето таков закон би претставувало „брутален упад во правосудството“. Како што истакна пратеникот од СДСМ, сите политички чинители треба да ги остават институциите да си ја вршат работата без да им се врши политички притисок.
Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака и за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија – истакна Костадинов.
Comments are closed for this post.