Обид да се прикаже единство или пак свесно пребројување на редовите. Вака познавачите ги толкуваат изјавите на претениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласаат за најавените уставни измени кои се обврска од Договорот од Преспа.
Изминативе денови преку социјалните мрежи народните избраници на опозициската партија јавно објавуваат дека нема да го дадат својот глас за промена на Уставот, по што името на државата ќе се смени во „Република Северна Македонија“.
Според експертите, ваквата реакција на дел од опозициските пратеници беше очекувана ако се знаат изјавите на власта дека ќе имаат доволно пратеници или пак неодамнешната изјава на премиерот Заев дека граѓаните ќе го обезбеделе неопходното двотретинско мнозинство.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслију смета дека изјавите на пратениците се генерирани од ставот на претседателот Мицкоски кој рече дека при успешен референдум ќе ги повика своите пратеници да ги поддржат уставните промени.
Ништо од ова не значи дефинирани промени и процеси.Од друга страна не ја гледам причината зошто се собираат потписи и кон кого ти потписи ќе се усмерат, дали кон лидерствто на партијата или кон јавноста. Целиот овој процес е политикански но е легитимен и нема ништо спорно во искажувањето против уставните промени.Но од друга страна што доколку граѓаните во голема мера се изјаснат за договорот и се постигне цензусот.Тогаш тие пратеници однапред заземаат став кој е спротивен од граѓаните.
Засега, Дафина Стојановска, Зоран Илиоски, Емилија Александрова, Димитар Стевананџија, Ане Лашкоска, Павлинка Честојнева, Никола Мицевски, Весна Дамчевска – Илиевска, Невенка Стаменковска, Благица Ласовска, Магдалена Манаскова, Трајче Димков, Лилјана Затуроска , Лилјана Кузмановска, Трајко Вељаноски, Влатко Ѓорчев ,Јохан Тарчуловски,Васил Пишев се изјаснија дека нема да ги гласаат измените.
Како причини го наведуваат фактот дека немаат мандат од народот да гласаат промена на името на државата и дека се сомневаат во исходот на референдумот.
Македонија е мојот идеал и вечна љубов. Тоа е емоција и кауза што не поминува. Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Република Македонија. И народот, и гласачите, и членството.
Очигледни се притисоците и недемократските постапки на власта на СДСМ во кампањата за референдумот, кои секојдневно се засилуваат, особено во локалните средини. Сето тоа дополнително го компромитира и проблематизира резултатот и демократскиот карактер на претстојниот референдум.
Секако дека Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија тоа одамна го заслужува, а ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во независна Македонија која ги промовираше евро-атлантските интеграции. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, заедно со стратешкото партнерство со САД, остануваат приоритет на нашата надворешна политика, напиша Ѓорчев на Фејсбук.
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски напиша дека совеста не му дозволува да излезе на референдум кој е длабоко манипулативен и дека доколку власт ја продолжи постапката во Собранието преку уставни измени да се смени името на државата тој нема да ги продолжи.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски ги поддржа пратениците за нивниот став да не ги гласаат уставните измени.
Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја чувствуваат вибрацијата на граѓаните. Тие се во секојдневна комуникација со граѓаните и штом решиле дел од нив вака јавно да го кажат својот став, значи дека тоа е она што го добиваат како повратна реакција од нив и сакаат тоа да го пренесат. Тоа е апсолутно за почит.
Дел од размислувања на експертите се дека на овој начин пратениците на ВМРО-ДПМНЕ индиректно уште повеќе ќе ги потикнат граѓаните да го бојкотираат референдумот иако партискиот став го соопшти лидерот Мицкоски дека ќе остави гласачите самите да одлучат дали ќе излезат на 30 септември.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека изјавите се реакција на одредени шпекулации дека и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за договорот со цел да се постигне двотретинско мнозинство.
Оваа нивна реакција е во согласност со ставот што го соопшти партискиот претседател дека граѓаните самите ќе одлучат како ќе постапат. Иако тука повеќе се алудираше дали ќе гласаат против или воопшто нема да гласаат бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека договорот не е добар-вели Божиновски за „Pressing TV“.
Во моментов Во моментов во Собранието на Република Македонија пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ брои 48 пратеници. Од нив 6 се од коалицијата а останатите 42 доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Математиката вели дека за власта да го има неопходното двотретинско мнозинство ќе им требаат само девет пратеници од опозицијата.
Comments are closed for this post.