Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која јавноста ја запамети по што прва галсаше во скафандер како позитивна од ковид во Собранието, Нина Фити актуелниот член на ИО, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов и актуелниот потпретседател и вицепремиер Фатмир Битиќи – според неофицијалните информации на ТВ 24 од високи партиски извори на СДСМ, се очекува Димитар Ковачевски овој состав да го презентира в понеделник пред ЦО како негови нови потпретседатели.

Во однос на секретарите нема изненадувања, Миле Зечевиќ генерален секретар, Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка, а за нов организациски секретар Зечевиќ мора да пресече меѓу двајца кандидати. ТВ 24 контактираше со дел од имињата кои се изненадување, меѓутоа сите велат дека се ќе се знае в понеделник, но никој не демантира отсечно.

Ковачевски освен најтесното раководство ќе го избере и Извршниот одбор, во кој се очекуваат изненадувања. ТВ 24 вчера објави дека во новиот ИО ќе има место за дел од поранешните високи партсики функционери, но ќе останат и дел од актуелните.

Во ИО според информациите на ТВ 24 Ковачевски планира и тело кое како што брифираат за ТВ 24 ќе ги промовира социјалдемократските политики, во кое би учествувале и универзитетски професори. По изборот за претседател самиот Ковачевски најави дека новото раководство ќе биде обид за обединување на партијата и крилата во СДСМ.

Ковачевски парарлелно ги прави и контурите на Владата. Од ЦО ќе добие поддршка да ја предводи и новата Влада.

В среда според најавите шефот на државата ќе му го додели мандатот. Парарлелно со новото раководство се прават и контурите на Владата. Според неофицијалните информации на ТВ 24 доколку прифати Нина Фитиу, би можела да биде нова министерка за труд и социјална политика, додека За Стојчевска е неизвесно дали е во планот на Ковачевски за министерскиот кабинет. Извесно е дека на Илинденска број 2 од раководството остануваат Битиќи и Маричиќ, но као што објави ТВ 24, тој од правда ротира во евроинтеграции.

Она што се очекува е и покрај различните ставови е е во МВР да остане Оливер Спасовски, Благој Бочварски во трансоотт и врски, додека не се исклучува во Владата да биде и Љупчо Николоски, Ковачевски како дел од Владата ја планира и заменик потпретседателката, а СДСМ Сања Лукаревска. Според инормациите министерство со ресор се очекува да добие и пратеничката Славјанка Петровска. ТВ 24 вчера објави дека образование оди кај ДУИ, а министер ќе биде Јетон Шаќири додека пак земјоделство се враќа во СДСМ.

В недела на Бихаќка ќе има работен состанок, на кој ќе се договори состанокот в понеделник. Колку од плановите на Ковачевски ќе се исполнат – конечно ќе се знае в понеделник. Бидејќи као што брифираат дел од фунцкионерите до тогаш има доволно време да има и промени, бидејќи како што велат од функционреите кои се во игра за функции – кога се работи за кадровски решенија и функции во СДСМ се е можно.