Бојан Јовановски во писмото до Заев го прашува дали се сеќава на денот на притворот на Камчев кога му се јавил на Иван Џолев за да ја отворат гаражата од судот да не биде Камчев фотографиран и снимен како е носен во кривичен суд по повод притворот за предметот Империја.

Не постои ниедна фотографија или пак снимка од Камчев кога го доби притворот за Империја, аналогно на ова само Цветан Панделевски беше фотографиран и снимен-потсетува Јовановски.

Тој го прашува Заев зошто апелацискиот суд ни ја потврди правно безмислената и катастрофална пресуда за предметот Рекет донесена од братучетката на Иван Џолев, судија Васка Николовска Масевска?

Само поради вашето влијание и вашите притисоци да не се дознае вистината и утврди вашата вина-тврди Боки.