Пожарникари морале да го сечат возилото за да ги извадат патниците во возилото „бе-ем-ве“ кое денеска се заби во канделабра  на улица „Перо Наков“ во Скопје. Пресинг ТВ дојде до фотографии од несреќата кои делуваат стравично.

 

Возилото било управувано од 34-годишниот А.Ј. од Скопје кое од непознати причини излетало од коловозот и удрило во канделабра на тротоарот.

Со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка, додека помали повреди здобил возачот.