Во последните 24 часа со направени 3.480 тестирањa, во Македонија регистрирани се 296 нови случаи на зараза со коронаворусот, а истовремено Министерството за здравство соопшти дека во понеделникот се потврдени уште осум смртни исходи како последица од болеста Covid-19.
Главниот град Скопје предничи според бројот на новозаразените со 143 нови случаи во последното деноноќие, а следат Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.
Пријавени се осум починати лица, и тоа три од Гостивар (54г,69 и 78г), по две лица од Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Сите починати се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.
Comments are closed for this post.