Увид во возило кое е дел од доказен материјал ќе се врши денеска во рамки на судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година.

За масакрот кај Смилковци Алил Демири, Африм и Агим Исмајловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута беа осудени на доживотен затвор.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.