Директорот на осигурителната компанија Еуросинг, преку која бил осигурен автобусот на „Дурмо турс“ ги повикал семејстватаа на загинатите, но и на повредените што побрзо да достават документација за компанијата да им изврши исплата, објавуваат медиумите.

Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување, изјави Кадри Моринај.

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите.

За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра а за семејствата на настраданите до 9 илјади евра.

Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра, додава Моринај.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.