Повикувањето на разговор на новинарите Горан Момироски и Љупчо Златев не е поврзано со доставувањето докази во Обвинителството за случајот М-НАВ во кој е инволвиран и генералниот секретар на владата Драги Рашковски.
„Тие се викнати за сосема друго, за објавувањето во медиумите. Обвинителството е во тек, но за повеќе информации ќе се обратите во МВР“, не упатија од Обвинителството.
Од таму се уште нема одговор дали е отворена истрага за Рашковски и за директорите на М НАВ кои ја договарале постапката за тендерот. ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на месецов поднесе кривична пријава и докази против ген секот.
Од МВР без да навлегуваат во детали само информираа дека се викнати да дадат изјави за содржините објавени на порталите.
Новинарот Златев вчера откако даде изјава во МВР, ја информираше јавноста дека полицијата барала да го открие изворот.
„Полициските службенци ме прашуваа две работи,дали стојам јас за текстот што е илузорно бидејќи јас сум потпишан и кој е свиркачот кој ми го доставил аудиото.Значи главната цел не е да се открие криминалот туку да се открие оној кој на медиумите им го дал криминалот.Одговорив дека никогаш нема да го откријам мојот извор“, рече Златев.
Новинарските здруженија веднаш се јавија со реакција дека ваквата практика може да се толкува како притисок кон новинарите. Притоа здруженијата испратија порака дека новинарот не е должен да ги открива изворите .
И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди повикувањето на разговор на новинарите Горан Момироски и Љупчо Златев во просториите на СВР Скопје. За како што велат притисокот врз новинарите ќе ги известеле дипломатите.
Во Антикорупциска комисија за случајот М-НАВ во кој е инволвиран и генералниот секретар на Владата, Рашковски ги добиле сите докази кои ги побнарале .
Comments are closed for this post.