Потребно е помирување и национално обединување за случувањата од 27 април, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прашањето за побараната амнестија од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.
Македонија е правна држава, тоа што следува е да видиме како во рамки на Собранието ќе започне процесот на помирување во однос на настаните од 27 април. Ќе видиме што ќе се случува во Собранието – рече Бошњаковски.
Comments are closed for this post.