Владата и Сојузот на средношколци изнајдоа заедничко решение со кое секој матурант ќе може да се запише на било кој факултет во државата или надвор.
Нужно беше државната матура да претрпи измени и да се најде заедничко решение. Се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се договоривме да се претвори во интерен испит, рече премиерот Зоран Заев по средбата со средношколците.
Тој рече дека решението го договориле следејќи го примерот од останатите европски држави.
Матурата оваа година наместо на 29 мај, ќе започне на 5 јуни.
Comments are closed for this post.