Како и секоја и вчерашната седница помина во работна атмосфера и сите заедно дискутираа по точките од дневниот ред. Во рамки на Владата односите се тековни, одговорија на денешната прес-конференција портпаролите Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа на новинарските прашања каква е атмосферата помеѓу коалиционите партнери во Владата и дали има тензии по последните случувања во затворот „Шутка” и во Собранието.
Наспроти ова,медиумите објавија дека денеска на седница на владата требало да се расправа за Законот за СЈО но дека тоа не дошло на дневен ред поради блокадата од страна на ДУИ
Comments are closed for this post.