Северна Македонија покажа единство и ги уништи плановите на Русија која се обиде да го оневозможи тој важен чекор кон зајакнување на безбедноста во Европа. И вратата на НАТО сега е отворена за триесеттата членка, смета претседателот на Украина Петро Порошенко, пренесува Украинската независна новинска агенција – УНИАН.
Според Порошенко Русија се обидела да го блокира влезот на Северна Македонија во НАТО, но земјата го надминала тоа покажувајќи единство.
Говорејќи за измените на националниот Устав и приближување на земјата кон НАТО, во украинскито законодавен дом Порошенко рекол дека процесите на пристапување кон НАТО и ЕУ се меѓусебно поврзани.
Comments are closed for this post.