МНР за амбасадор во Швајцарија го предлага Реџеп Демири.Тој е актуелен генерален конзул во Минхен кој во јавноста е познат по низа скандали. Активен е на социјалните мрежи и не пропушта честитки поврзани со УЧК, како таа за „ослободување“ на Слупчане и Карадакун.
Честит 2 мај 2001! Стотици борци на ОНА заземаа точки за да ја заштитат татковината, правата и албанскиот дух насекаде. Засекогаш во нашите сеќавања, маченици на нацијата. Слава им”, напиша конзулот-напиша конзулот на Фејсбук пред две години.
Демири е поранешен борец на УЧК кој експресно напредуваше во дипломатијата. Особено се истакна во корона кризата кога наши граѓани кои живеат во Германија не можеа да извадат пасош.
Comments are closed for this post.