Изет Меџити е новиот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. Меџити, кој беше единствениот кандидат номиниран за претседател на овој огранок, доби едногласна поддршка од околу 60 членови на Изборното собрание на Демократската унија за интеграција во Чаир.
Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните – изјави Меџити по изборот за претседател на чаирскиот огранок на ДУИ.
На изборното собрание присутен беше и претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Меџити беше градоначалник на Чаир од 2005 до 2017 година. Огранокот на ДУИ во оваа општина се смета за еден од поважните партиски упоришта.
Comments are closed for this post.