Двајца поранешни обвинители од СЈО му овозможиле на Асмир Јахоски да замине во домашен притвор, а потоа и на Босфор на матура, тврдат избори на Република. Според информациите кои ги имаме, вишиот јавен обвинител, Бјурим Рустеми, дал предлог до скопска апелацја да се уважи како основана жалбата на Јахоски против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, тој да остане во притвор. На предлогот потпишан е токму Рустеми кој доаѓа од поранешното Специјално јавно обвинителство.

Нашиот извор тврди дека поранешен обвинител од СЈО, сега веќе виш обвинител, дал позитивно мислење за издавање на времена патна исправа на Јахоски, иако беше одлучено да му се одземе патната исправа и да се забрани издавање на нова, како една од мерките Јахоски да замине во куќен притвор. Се работи за обвинителот Артан Ајро, кој после СЈО беше избран за обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што доби ново унапредување во скопското Вишо обвинителство.

Во однос на одлуката за издавање привремена патна исправа за Јахоски, беше објавено дека во Кривичен суд, во текот на месец мај, од страна на одбраната на осомничениот, било доставено барање за враќање на патната исправа, односно издавање нова, кое барање било одбиено од Кривичниот суд, по што по добиена жалба, предметот бил доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје.

Од скопска Апелација пак за Скопје1 изјавија дека тие не издаваат патни исправи, бидејќи тоа е обврска на други надлежни институции.

На 6 мај годинава Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот. Истовремено, на Јахоски му се определуваат мерки на претпазливост, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице во Основен кривичен суд Скопје, како и привремено одземање на постојната патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.

Јахоски е осомничен во рамки на истрагата со која се опфатени и сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и избеганиот поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски поради злоупотреби со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино вредни над 160 милиони евра во време на енергетската криза.

Дали имињата на двајцата обвинители се чиста случајност?! ВМРО-ДПМНЕ уште во март годинава обвини дека „судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица ги штитат криминалците од СДСМ и од ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра“.

„Судиите и обвинителите измеќари на СДСМ и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и ги опструираат процесите и правдата. Криминалците од СДСМ и од ДУИ и нивните бизнис фаворити како Асмир Јахоски поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут, поради екстра профит и направиле криминал тежок 167 милиони евра. Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДСМ и ДУИ и ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно. Корумпираните судии и обвинители ги штитат функционерите од СДС и ДУИ и нивните милионски бизниси и имот стекнати на криминален начин и не дозволуваат институтот правда да завладее“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.“, обвинуваа од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали и понатаму обвинители одработуваат за СДСМ и ДУИ?! Извори од правната фела коментираат дека сите го напаѓаат судот за одлуката Јахоски да оди на матура во Труција, а никој не прашува каква е улогата на обвинителите. Се напаѓа судот, но не и обвинителството. За обвинителството се најавуваа големи промени, токму поради тоа беше најавена смена на првиот обвинител Љупчо Коцевски. Премиерот Христијан Мицкоски повеќе пати го обвини Јавното обвинителство дека не си ја работи работата и дека кога органите на прогон требало да преземат мерки за гонење на некој функционер, обвинителите добивале дијареа и висока температура. Но неговата смена беше одложена поради немилиот настан во Кочани.

Ќе се случат ли конечно промените во Јавното обвинителство? Ќе се преиспита ли зошто Јахоски има поинаков третман од останатите осомничени во овој предмет и како, кој и зошто му дозволи да извади патна исправа и да ја напушти државата? Дали Советот на јавни обвинители ќе даде одговори на некои прашања?!


 

Република вчера се обрати до Вишото јавно обвинителство, каде прашавме:

Дали Јавното обвинителство е запознаено со намерата за издавање на патна исправа Асмир Јахоски?

Дали виш јавен обвинител дал позитивно мислење за издавање на патна исправа на Јахоски?

Кој јавен обвинител дава позитивно мислење? Кој јавен обвинител дал мислење да се преиначи притворот со куќен притвор на Јахоски?

До објавување на овој натпис не добивме никаков одговор од Вишото Јавно обвинителство.