Засилено полициско присуство пред просториите на Исламската верска заедница во Скопје. Ова се случува откако Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ. На паралелно собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.
Весникот Лајм објави дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на “Исламската верска заедница со адреса Чаирска 1000”. Канал 5 пак објави објавуваат дека можеби се работи за обид за насилна смена на Реџепи.
Приврзаниците на двајцата според неофицијални информации се наоѓаат во просториите на Исламската верска заедница, а финансиската полиција го проверува работењето на Реџепи.
Comments are closed for this post.