Без присуство на членовите од ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците даде амин за измените на Кривичниот законик предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство.
Во измените се вклучени и оние кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната за дела поврзани со злоупотреба на јавни набавки.
Со измените на Кривичниот законик во член 275 в се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки, а според некои толкувања со овие измени обвинетите можат да добијат и условна казна.
Според одредени толкувања со овие измени се отвора можност за намалување на затворските казни за синот на пратеничката Владанка Авировиќ и за бизнисменот Сеад Кочан, кој важи за близок пријател на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ. Синот на Авировиќ и Кочан се осудени во случајот „Труст” на СЈО, а двајцата пратеници се дел од осумината кои дадоа поддршка за уставни измени.
Се очекува со измените да бидат опфатени и делата во кои е обвинетата Елизабета Канческа Милевска.
Членот 353 пак кој предизвика бурни реакции во јавноста, не е дел од измените за кои денеска се гласаше на Комисијата, но мнозинството не се откажува. Веруваат дека неопходна е промена , бидејќи се користел за политички пресметки.
Comments are closed for this post.