За над 200.000 основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17 јуни.
Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024, практика која, како што кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.
– Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, кажа вчера Шаќири.
Comments are closed for this post.