Не е позната причината за смртта на Во текот на вчерашниот ден, нешто после 18 часот, во клиничката болница во Тетово без знаци на живот била донесена 38-годишната Т.С.Т. од Тетово. Како што соопштија од МВР, причината за смртта не е позната и ќе се утврдува со направениот увид. Од МВР додаваат дека на телото на тетовката немало траги на насилство.

Вчера (19 декември) околу 18 часот и 20 минути, во тетовската клиничка болница, без знаци на живот, била донесена 38-годишната тетовка Т.С.Т. На нејзиното безживотно тело немало траги на насилство. Извршен е увид, а телото нa T.С.Т. предадено му е на семејството – соопштија од МВР.