Пред неколку дена му била потврдена казната од 13 години затвор, а денеска починал додека се шетал во дворот на затворот „Идризово“. Станува збор за скопјанецот Џенгис Џемаил, кој имал 54 години, а  неофицијално починал од срцев удар кога излегол да се прошета. Според истите информации, Џенгис и претходно се жалел дека има проблеми со срцето, но наводно не добивал соодветна нега од лекар.

Што од ова е точно и која е вистинската приказна за Џенгис, ќе треба да објасни затворската управа.

Тој беше осуден за убиство на Амел Зверотиќ, оти го застрелал во приколка кај езерото Треска, пред точно 13 години во 2006 година, оти наводно Зверотиќ му должел 100.000 евра. Инаку, Џенгис првично бил осуден во отсуство на 20 години затвор, но откако бил уапсен, одново му се судело. Тогаш добил 13 години, а пред само неколку дена казната му била потврдена од Апелација.

Од тој момент Џенгис е во „Идризово“.